„Се зборува само за пари, а за резултати…“

После поразот во Лигата на шампионите на ЧСМ Букурешт од Ростов Донпред една недела, кога ракометарките на романскиот тим ја примија платата за месец јули, Кристина Неагу зборуваше за лошата финансиска состојба во клубот.

Претседателката на ЧСМ Букурешт експресно ѝ одговори на ѕвездата од нејзиниот тим која спомена дека со самото тоа што платата за јули ја добиваат во ноември, не им овозможува максимално да се сконцентрираат на ракометот.

„Моментално во Романија чудно е што многу повеќе се зборува за платите, а помалку за спортските резултати. Мислам дека Неагу не треба да се жали. И покрај лошата ситуација во која се наоѓа, самата се стави во таква. Јасно е дека трпението на играчите го снемува. Договорот на Неагу истекува на лето. Не сум сигурна дека и понатаму сака да остане по секоја цена“, одговори Сабо.

Според ова, доколу не се среди ситуацијата во следниот периот до крајот на сезоната,  се очекува Кристина Неагу да го напушти клубот со оглед на тоа што нејзиниот одговор истекува на лето.