Победничко селфи од соблекувалната на Еурофарм Пелистер во Португалија (ФОТО)

Македонскиот претставник во Лигата на Европа, Еурофарм Пелистер ги освои првите бодови, откако го совлада португалскиот претставник Агуа Санташ со 29-27.
Важна и убава победа пред последниот дел од есенската полусезона.
Избраниците на Ларс Валтер водеа во текот на целиот натпревар, а во финишот не дозволија залетаниот домашен тим да се надева на нешто повеќе од пристоен пораз.
Мотивираните битолчани на почетокот останаа без Хосни кој заработи мала повреда на стопалото, но и без него ја одржуваа иницијативата и победнички и славенички се враќаат од Португалија.

Спомен селфи како потсетник и мотив за нови европски дострели.