Победнички старт на Јанеска и Гакидова во Турција

Екипата на Коњалти во која настапуваат репрезентативките на Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова забележа победа во својот прв натпревар во турската лига против силниот состав на Измир со резултат 26:24.

На полувреме резултатот беше 11:11, а во вториот дел, Коњалти со подобрата игра во напад и одбрана се избори за освојување на бодовите.

Јанеска беше втор стрелец во победничката екипа со пет гола, додека Гакидова постигна три. Поранешната ракометарка на Вардар, Алена Ихнева ги предводеше стрелците во Коњалти со шест гола.

Во новата сезона, Коњалти има големи амбиции, а следен противник на Коњалти е екипата на Анталија.