Победнички старт на Костески и Плзен во Чешка

Повремениот репрезентативец на Македонија, Никола Костески, заедно со тимот на Плзен имаа победнички старт во шампионатот на Чешка.

Плзен во рамки од првото коло од најквалитетното чешко натпреварување за ривал го имаше незгодниот тим на Ловосоце и успеа да триумфира со 37:29.

Актуелниот шампион на Чешка победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кое го доби со 15:11.

Десното крило од Струга беше меѓу најефикасните на дуелот, постигна четири погодоци и одигра солидно во одбраната.

Следен предизвик за тимот на Плзен е дуелот против Нове Весели. Овој натпревар е закажан за 9 септември.