Goran KRSTEVSKI (25) during the handball match North Macedonia vs Denmark, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Debrecen ,Hungary, 17.01.2021, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Победнички крај за Крстевски и Фочани во Романија

Репрезентативецот на Македонија, Горан Крстевски, заедно со екипата на Фочани, со победа ја завршија сезона во романскиот шампионат откако во рамки од последното коло триумфираа против Клуж, со три гола разлика, 23:26 (11:9).

Ракометарите на Фочани победата ја остварија со подобрата игра во завршниот дел од натпреварот. Домашната екипа од самиот старт, па сѐ до 45 минута, одржуваше резултатска предност.

Средниот бек од Македонија во мрежата на домаќините постигна еден гол од три обиди, додека неговиот соиграч, Андреј Валери, беше најефикасен на натпреварот со десет погодоци.

Фочани сезоната во романскиот шампионат ја заврши на 6. позиција на табелата, со 44 освоени бода на свое конто. На 26 одиграни натпревари, тимот на Крстевски победи на 14 од нив, на десет натпревари доживеа пораз, а на два одигра реми.

Динамо Букурешт повторно го освои првото место во најсилната лига во Романија и ја одбрани дуплата круна за оваа сезона. Екипата на Баја Маре заврши на 2 место со само бод повеќе (61), пред третопласираната Доброгеа Суд.