Победничка одјава од Скопје, вардарци по скратен пат ќе бркаат Ф4 во СЕХА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар го одиграа последниот натпревар на домашен терен во 2019 година и оствари победа над словачкиот првак Татран Прешов со 28-26 во регионалната СЕХА лига.

Вардарци по негативата во првото полувреме, заиграа поангажирано во вториот дел и за петнаесетина минути го решија ривалот.

Со овој триумф беше обезбедено  првото место и директното место во  четвртфиналето, па за вардарци до одбраната на титулата во СЕХА му остануваат најмногу уште четири меча.

Во последното коло, во неважен натпревар, Вардар в недела гостува кај Нексе.

[WRGF id=116091]