Пласманот на Македонија на ЕП ист како пред десет години

Женската репрезентација на Македонија со три порази ја заврши групната фаза од Европското првенство и на крајот се најде на 16 место.

Подобри од избраничките на Љубомир Савевски беа Холандија, Романија и Франција, што беше доволно само за последното место на континенталниот собир.

Ова е ист пласман на нашите ракометарки како на последното учество на ЕП, во 2012 година во Србија.

Селекцијата на Полска заврши на 13 место, Швајцарија е на 14, додека претпоследна е Србија, која исто така имаше три порази, но со подобра гол разлика од Македонија.

Пласман на ЕП:

13. Полска
14. Швајцарија
15. Србија
16. Македонија