Пионерите на Вардар ќе играат на силниот турнир „Трофеј Белград“

Пионерите на Вардар во периодот од 27-до 29 декември ќе настапат на силен меѓународен турнир во Србија, „Трофеј Белград“.

„Црвено-црните“ со генерацијата 2004/2005 ќе се натпреваруваат со екипите од генерацијата 2003/2004 година.

Покрај избраниците на Зоран Петковски, на овој силен турнир ќе настапат уште 23 екипи од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Црна Гора.

Младите вардарци минатата година исто така беа дел од овој турнир во истата категорија, но загубија во финалето и го освоија второто место.