ПИК Сегед со услуга за Вардар, македонскиот тим на чекор до петто место

Ракометарите на ПИК Сегед славеа на гостувањето кај Елверум со 24-27 и му направија услуга на македонскиот првак Вардар, кој со триумф во Скопје против норвешкиот првак може само да го потврди петтото место во групата, без разлика на исходот од дуелот со Мешков Брест.

Елверум одржуваше рамнотежа во првиот дел против унгарскиот првак, кој играше без Бомбач, Тонесен и Степанчиќ. Домашните водеа во повеќе наврати, два пати и со плус три, но сепак на пауза ПИК Сегед имаше гол позитива, 12-13.

На стартот на вториот дел домашните израмнија и се играше гол за гол до 17-17, пред гостите да ја направат клучната серија од три гола преку Фримел и Бодо и да се одлепат на плус три, 17-20.

Избранинците на Хуан Карлос Пастор рутински го приведоа натпреварот до крајот, иако домашните не се предаваа. Најдобар стрелец во триумфот на ПИК Сегед беше Фримел со шест гола, а пет постигна пикерот Банхиди, додека кај Елверум се истакна Хеидал со седум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140
ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140