ПИК Сегед му фрли око на најдобриот стрелец на Загреб

Унгарскиот вицешампион ПИК Сегед, посакува во своите редови да го донесе левото крило на хрватската репрезентација и ракометар на Загреб, Давид Мандиќ, пренесува полскиот портал „Спортове Факти“.

Овој трансфер на Мандиќ, би можел лесно да се реализира со оглед на финансиската ситуација во Загреб. Доколку Мандиќ се пресели во ПИК Сегед, балканската колонија во овој унгарски клуб ќе биде зголемена. Таму се Степанчиќ, Радивојевиќ, Хенигман, Бомбач, Мачковшек, Алиловиќ, Габер…

Мандиќ по потекло е од Босна и Херцеговина, првиот клуб му беше Извиѓач Љубушки, а потоа направи голем чекор напред во својата кариера и се пресели во Загреб. Беше дел од репрезентацијата на Хрватска на Европското првенство минатата година и даде свој придонес во освојување на сребрениот медал со вкупно 37 постигнати голови.

Покрај интересот за Мандиќ, ПИК Сегед му го продолжи договорот на словачкиот ветеран Мартин Страновски. Тој дојде како замена за повредениот Стефан Сигурмансон и потпиша до декември годинава, но сега го продолжи престојот до јуни 2021 година.

На левата крилна позиција во унгарскиот тим следната сезона би требало да играат претходно споменатиот Сигурмансон и Мандиќ, а шведскиот ветеран Јонас Калман веројатно ја игра последната сезона во кариерата и заедно со Страновски нема да бидат дел од ПИК Сегед од лето.