Пикерот Арсеновски го напушта Металург – се сели во Битола

Пивотот на Металург, Филип Арсеновски во текот на летото си заминува од „Автокоманда“, а неговата следна дестинација во кариерата е Битола.

Ракометарот кој беше дел од младинската селекција која беше шестопласирана на Мундијалот во 2017 година и претходно лето беше поврзуван со напуштање на Металург, но до тоа не дојде. Сега е веќе јасно дека се сели во редовите на Еурофарм Пелистер.

Меѓутоа, новиот клуб на Арсеновски ќе биде Еурофарм Пелистер 2, каде што ќе треба да се докаже за да може да добие место и во првата екипа што значи дека му претстои тешка сезона во која ќе има многу напор.

Засега ова првото ново име во вториот тим на битолчани, но може да се очекува и овој тим да доживее реконструкција така што сигурно ќе има уште нови имиња. Веројатно ќе има и играчи кои ќе го напуштат клубот.

Досега главното внимание беше насочено кон првиот тим каде што има неколку нови ракометари. Последниот е Дејан Кукуловски, кој од денеска е ново име во Еурофарм Пелистер. Претходно во тимот дојдоа Марио Танкоски, Јосип Периќ и Матео Мараш.