Ново засилување во Битола: Еурофарм Пелистер донесе играч од Бундес лигата!

По левиот бек Марио Танкоски, Еурофарм Пелистер го донесе и второто засилување за следната сезона. Станува збор за босанскиот репрезентативен среден бек Јосип Периќ, кој во битолскиот клуб ќе им се придружи на неговите сонародници Елмир Граџан и Марин Вегар.

Периќ во последните две сезони настапуваше во бундеслигашот Гепинген, но не му беше продолжен договорот. Беше пред трансфер во полскиот Азоти Пулави, но таа опција падна во вода, откако раководните луѓе на овој тим се решија да го ангажираат Микал Јурецки.

Босанскиот плејмејкер има 27 години и потекнува од составот на Извиѓач Љубушки, а потоа беше дел од Босна Сараево пред да ја започне интернационалната кариера. По една сезона играше во унгарската Татабања, катарскиот Катар Спорт, како и романските Одорхеи и Дунареа Калараши, пред да направи трансфер во Германија.

Таму во првата сезона постигна 30 голови за Гепинген, додека во оваа беше стрелец на 18 погодоци. За босанската репрезентација настапи на Мундијалот во Катар во 2015 година, како и на ЕП 2020 кое се играше во јануари и

Со ангажманот на Танкоски и Периќ, Еурофарм Пелистер ја пополни празнината по заминувањето на Владислав Остроушко и Ловро Јотиќ, а наскоро треба да биде најдена и замена за Олександр Шевелев, играч што ќе им прави друштво на Елмир Граџан и Никола Маркоски на пивотменската позиција.