Еурофарм Пелистер го носи „новиот Метличиќ“- во Битола доаѓа двометрашот Мараш!

Еурофарм Пелистер го чека реконструкција на тимот во пресрет на новата сезона. Битолчани ќе останат без услугите на најмалку тројца ракометари, па веќе морат да прават планови за нови засилувања.

Ловро Јотиќ, Владислав Остроушко и Олександр Шевелев не се повеќе „фармацевти“, а Еурофарм Пелистер досега промовираше двајца нови играчи – Марио Танкоски од Металург и Јосип Периќ од бундеслигашот Гепинген.

Третото би требало да биде кадетскиот и младински репрезентативец на Хрватска, Матео Мараш, кој треба да им прави друштво на Мартин Велковски и Невен Стјепановиќ на десната бековска позиција.

Станува збор за исклучително талентиран ракометар, со одлични физички предиспозиции (20 години, 202 цм, 101 кг), кој е член на тимот Балиќ Метличиќ од Сплит. Мараш настапи на последното Светско првенство за кадети во Скопје и на седум натпревари успеа да постигне 13 погодоци.

„Новиот Метличиќ“ како што го нарекуваат Мараш хрватските медиуми, игра во младинските конкуренции во Хрватска, како и во Првата лига. Работата со легенди како Метличиќ, Балиќ, Лосерт и Анушиќ во овој клуб, му овозможија на Мараш брзо да напредува и да ја воодушевува јавноста во Хрватска.

 

View this post on Instagram

 

Veliki obracun David -Golijat 0:1🤾‍♂️🤾‍♂️🤾‍♂️ #handballgoat #zivikaodasanjas

A post shared by Ivano Balic (@ivanobalic_official) on