, Croatia vs N. Macedonia, Croatia Cup 2023 , Hrvatska vs N. Macedonia Poreč, Croatia, 06.01.2023., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Пешевски: Малку сме во грч, но се ќе си легне до првиот меч во Полска

Уште еден меч останува пред ракометарите на Македонија до заминувањето за Полска на СП, а вечерва „црвено-жолтите“ ќе играат против Израел на турнирот „Кроација Куп“. На првиот меч против Хрватска нашите репрезентативци загубијс до 40-34. Имавме шанса во последните минути да дојдеме на уште поблиска разлика, но наместо тоа ривалот резултатски се „одлепи“.

Нападот покажа дека е добро сконцентриран, знае да реализира, и дека послабиот дел е всушност одбраната која дозволи да се примат многу голови. Пивотменот Жарко Пешевски постигна три гола и беше наш најдобар играч од линијата на шест метри.

„Ова ќе бидат доби натпревари после оние тешки базични подготовки во Маврово. Ретко кој има можност да се спрема 10 дена вака пред првенство. Од ден во ден формата оди во нагорна линија. Моментално сме можеби малку во грч. Сите репрезентации се малку изморени. Остануваат 4-5 дена, и тоа ќе си легне, и максимално ќе го дочекаме тој прв меч во Полска, вели Жарко Пешевски, пивотменот на Македонија.

На првиот дуело во Пореч, нашите ракометари загубија од Хрватска, но покажаа дека се блиску до „коцкестите“ и не само што дадоа силен отпор, туку и до самиот крај резултатски беа во игра, сигурно и за поповолен резултат. Сега следен меч е оној со Израел

„После квалитениот меч со Хрватска, ќе влеземе максимално мотивирани против Исланд. Тие имаат квалитетни поединци кои играат во повеќе лиги во Европа. Имат балканец тренер и добро не познава, и ние игравме лани со нив. Добро ќе ни дојде на нас таков меч, Одиме да бидеме подобри од вчера, смета Пешевски.

Сега е период на темпирање на формата, а потоа во Полска треба да се игра за исполнување на целта. По три лоши големи натпреварувања, ЕП 2020, СП 2021 и ЕП 2022 сега планот е да се мине таа прва фаза и да се разигрува за повисок пласман. Во групата во Краков со Македонија се уште и репрезентациите на Норвешка, Холандија и на Аргентина.

„Одиме натпревар по натпревар. Примарна цел е да се помине групата, и да одиме на секој меч да бидеме подобри, да го подобриме впечатокот од последното ЕП. Имаме доста млади играчи, кои се докажуваат и се докажаа сега на подготвките. Ќе имаме добро првенство со подршка од публиката сме на добар пат да успееме, смета Пешевски.

Сега Македонија форсира побрза игра, побрз атранзиција, помалку менувања и секако брзи полуконтри и контри.

„Секоја промена е добредојдена. Ќе видиме како ќе биде понатаму, но мислам дека ќе биде добро. Ни легнува ова трчаме. Имаме некои помалку искусни играчи кои прават технички грешки, но на натпреварите ќе бидеме добри. Имаме нова тактика – трчање, полуконтра, помалк уизмени, потенцира Пешевски.