Пех за Франција – Ремили има скршеница на левото стапало, го пропушта ЕП!

Голем пех за француската репрезентација и селекторот Гијом Жил пред стартот на Европското првенство.

Десниот бек Недим Ремили ќе го пропушти континенталниот собир, откако беше потврдено дека има скршеница на левото стопало.

Во договор со докторскиот тим на неговиот клуб ПСЖ, Ремили нема да биде на располагање на Жил за оваа акција.

Сепак нема многу простор за загриженост со оглед на големата конкуренција на десната бековска позиција.

Тука се Дика Мем и Мелвин Ричардсон, а може да помогне и Валентан Порт. Франција е во група со Србија, Хрватска и Украина на ЕП.