Пет екипи во битка за две места за опстанок – каква е клупската математика на две кола до крај

Двете места кои носат до директен опстанок во Супер машката лига и третото кое носи во бараж со второпласираниот од Првата машка лига и понатаму се предизвик на кој останаа одговорат пет екипи во последните две кола. Веќе в недела ќе биде одиграно претпоследното коло во кое следуваат нови средби и секој тим мора да биде внимателен за она што го очекува бидејќи нема да биде воопшто лесно

Грк Тиквеш беше неприкосновен до пред два дена, но од синоќа работите се изменети после поразот кај КЛ 7 и веќе не изгледа така лесно. Затоа ќе треба да се одработи многу паметно во последните две кола. Со свои шанси се и Прилеп, КЛ 7, Радовиш и Работнички, а првите пет екипи се во разлика од четири поени.

И сигурно е дека на секој меч ќе биде докрај неизвесно. Секој влегува со своја математика. Секој бид може многу да значи.
Какви се математиките на клубовите. Кому што му треба за да биде сигурен во опстанокот, или да игра бараж.

ГРК ТИКВЕШ

25 поени – Работнички (дома), Прилеп (гости)

Кавадарчани и понатаму се на лидерското место на табелата, но веќе не се така сигурни. Имаат две тешки средби до крајот против ривали кои се директни во битката за опстанок. Победа против Работнички в недела веројатно ќе значи и опстанок со оглед на тоа што има уште еден директен дуел во ова коло. Во спротивно при пораз од Работнички или реми работите ќе се искомплицираат уште повеќе. Оттаму на ГРК Тиквеш в недела му треба победа за да може да има мирно гостување во Прилеп.

ПРИЛЕП

24 поени – Младост (гости), ГРК Тиквеш (дома)

За прилепчани в недела следува гостување на кое ќе излезат како фаворити. На оваа средба реално е да се очекува победа со оглед на тоа што Младост повеќе не е во трка за опстанок и заостанува премногу. Со три бода во Богданци тимот на Прилеп ќе има обезбедено едно од првите три места, а прашање ќе биде само кое. Затоа требаат две победи за суперлигашки опстанок.

КЛ 7

24 поени – Радовиш (дома), Работнички (гости)

Дуелот против тимот на Радовиш в недела решава речиси сè. Победа за КЛ 7 значи веројатно и директен опстанок или место во баражот односно пласман на едно од првите три места, додека Радовиш така би чекал резултати од другите средби. Средбата против Работнички на гостински терен ќе биде во последното коло кога веќе ќе се знае сè односно ќе биде познато на кој тим што ќе му биде потребно за да дојде до остварување на целта. Во секој случај в недела е тешкиот натпревар на кој ќе мора да се одигра најдобро што може.

РАДОВИШ

22 поени – КЛ 7 (гости), Астраион (дома)

Гостувањето во Скопје кај КЛ 7 е одлука за тоа дали радовишани ќе останат дел од Супер лигата. Иако има комбинации и со пораз, сепак, сосема извесно е дека в недела е главното и дека на оваа средба ќе се знае кој може до подобра позиција. Со победа Радовиш доаѓа до одлично место бидејќи во последното коло за ривал го има тимот на Астраион и тоа на домашен терен. Оттаму пред гостувањето во Скопје кај КЛ 7 е неблагодарно да се дава каква било прогноза.

РАБОТНИЧКИ

21 поен – ГРК Тиквеш (гости), КЛ 7 (дома)

Екипата на Работнички е во најтешка позиција од петте состави кои се во конкуренција за опстанок во Супер лигата. Покрај тоа што имаат бодовно заостанување во однос на другите клубови тимот на Работнички се соочува и со два директни ривали. На гостувањето против ГРК Тиквеш нема да биде воопшто лесно, но треба да се одигра и да се направи обид. Исто ќе биде и против КЛ 7. Ова ќе бидат две средби на кои ќе мора да се одработи на максимум.

ЈУНИОР КВ, МЛАДОСТ, АСТРАИОН

Овие три екипи веќе се во Првата лига за следната сезона така што после една година во Супер лигата ќе имаат одново битка за пласман во највисокиот ранг на натпреварување.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО

НЕДЕЛА, 30 МАЈ – 19 ЧАСОТ

МЛАДОСТ – ПРИЛЕП

Сала: Млаз во Богданци. Судии: Димитар Митрески и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ГРК ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ

Сала: Св. Кирил и Методиј во Кавадарци. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

АСТРАИОН – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

Сала: СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

КЛ 7 – РАДОВИШ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП861121
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2860221
3МРК КУМАНОВО861120
4ВАРДАР НЕГОТИНО850315
5МУЛТИЕСЕНС841314
6ГОЛДЕН АРТ821510
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092