Пет екипи без пораз, пионерите ги чека возбудлива пролет

Со одигрувањето на сите натпревари од четирите групи беше комплетиран есенскиот дел од Пионерска лига во машка конкуренција.

Во групата А, Голден Арт и Скопје се без пораз, но имаат едно меѓусебно реми. Овие два тима се на чекор до четвртфиналето напролет.

Во групата Б, Аеродром мина прв низ целта по есенскиот дел со четири победи на четири меча, додека во групите В и Г со шест од шест се екипите на КЛ7 Струга и Куманово.

По завршување на последното коло од пролетниот дел, првите две екипи од групите ќе играат во четвртфиналето по принципот играат А1/Г2, Г1/А2, Б1/В2,
В1/Б2.