Петровски пред нов интернационален предизвик, има понуди за Франција, Португалија, Израел…

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, по една сезона мината во Гвадалахара, одлучи да го напушти тимот откако не ја продолжи соработката со раководството на клубот.

Средниот бек од Битола што може да ја покрива и левата бековска позиција, на своја адреса има неколку понуди од клубови од Франција, Португалија, Израел, како и од Шпанија, но сѐ уште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата кариера.

Петровски со Гвадалахара имаа одлично издание и сезоната во Првата лига во Шпанија ја завршија на првото место обезбедувајќи пласман во Асобал лигата.

24-годишниот ракометар потекнува од школата на Еурофарм Работник, беше дел од првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, а кратко играше и за тимот на Струга.