Петровски и Фасано ќе играат мајсторка за шампионската титула

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, со екипата на Фасано се многу блиску до освојување на шампионската титула во италијанскиот шампионат.

Тимот на Петровски во вториот натпревар од разигрувањето за титулата славеше против Сасари со шест гола разлика, 32:26.

Битолчанецот на овој дуел имаше 100% реализација, два гола од исто толку обиди и четири асистенции кон своите колеги.

Бидејќи екипата на Сасари триумфираше на првиот дуел со 34:32, ќе се игра мајсторка за првото место.