Петровски и Гвадалахара слават пласман во Асобал! (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, заедно со екипата на Гвадалахара обезбедија пласман во Асобал лигата за следната сезона откако во 8.коло од плеј-оф фазата во Првата лига триумфираа на гостински терен против вториот тим на Барселона, со четири гола разлика, 31:35.

И во првиот натпревар од плеј-оф фазата, тимот на Петровски беше подобар од Барселона 2 со убедлива победа од 35:28.

До крајот на првенството има уште две кола, но екипата на Гвадалахара веќе го има обезбедено пласманот во Асобал лигата и доколку доживее пораз во дуелите против Пуерто Сагунто и Ибица Елвиса, ќе заврши на второто место, кое исто така носи пласман во Асобал лигата.

Раководството на Гвадалахара успеа во зацртаната цел за оваа сезона, камбек во најквалитетното натпреварување во Шпанија откако минатата сезона поради лошите резултати клубот мораше да се пресели во Првата лига.