Петкратниот европски првак ќе менува тренер

Актуелиот тренер на Ѓер, Амброш Мартин по завршувањето на оваа сезона ќе си замине од унгарскиот гигант и во својата тренерска кариера ќе биде предводник на нов клуб.

Ѓер преку својата клупска страна соопшти дека договорот со искусниот стручњак од Шпанија нема да биде продолжен.

Челниците на клубот веќе се во потрага по нов тренер за следната сезона, додека амбициите за оваа сезона остануваат непроменети, освојување на првото место на сите фронта.

Амброш Мартин беше тренер на Ѓер од 2012 до 2018 година и четирипати ја освои Лигата на шампионите со неговите избранички. Откако си замина од Ѓер се пресели во Ростов Дон, а на 10 мај, 2021 година, повторно ја презеде функцијата главен тренер на унгарскиот гигант.

Во минатата сезона го предводеше Ѓер до сребрен медал во Лигата на шампионите, како и до првото место во домашниот шампионат.