Петковска и Митова го носат Сондерјиске кон плеј-оф

Интернационалките од Македонија, Драгана Петковска и Сара Митова со одличните настапи во дресот на Сондерјиске придонесуваат тимот да се најде на чекор од плеј-оф и разигрување за пласман во најсилната лига на Данска.

Победата против Саеби од 41:23 е доказ за тоа дека тимот е во одлична форма и дека работите одат во вистински и посакуван правец. Новите бодови го зацврстија тимот на Сондерјиске на 3. место така што може мирно да ја продолжи сезоната која е стигната до 15. коло, а остануваат уште седум од регуларниот дел.

Во последната победа Митова беше и една од поефикасните постигнувајќи шест гола, додека Петковска продолжува да брани во стандардно добра форма.