Песоа ќе им пренесува знаење на младите голмани од Балканот

Поранешната голманка на ЖРК Вардар, Бразилката Маиса Песоа ќе биде дел од летниот камп за голмани кој се одржува во Хрватска, во местото Омиш. Организаторот во претходните изданија постoјано имаше звучни голмански имиња, а се потруди и оваа година да донесе освојувач на најзначајните натпреварувања.

Во минатите изданија на кампот во Омиш гостувале најголемите ракометни имиња како Тјери Омејер, Каспер Хвидт, Роланд Миклер, Борко Ристовски, Владимир Цупара, Марин Шего, Мирко Алиловиќ, Јелена Грубишиќ, Ивана Капитановиќ и други, а годинава тоа е Маиса Песоа.

Брзилката не го криеше задоволството од поканата и можноста да учестува на овој камп. Во разговор за 24sata.hr Бразилката зборуваше за своите почетоци во ракометот и желбата да продолжи да работи со помлади категории по завршување на кариерата.

„Среќна сум што ќе бидам дел од кампот, ги гледав видеата од минатогодишните кампови и големите голмански имиња кои доаѓаат тука. Благодарам на организаторот што ме покани да работам со деца и да ги сретнам останатите големи голмани. Навистина сум среќна што ќе бидам дел од оваа убава приказна. Во Бразил ракометот е аматерски спорт, така и јас зпаочнав со атлетика, одбојка, кошарка, фудбал, но кога првпат ја земав ракометната топка сфатив дека тоа е тоа и дека ќе бидам голманка. Помалку веќе размислувам за крај на кариерата, го сакам ракометот сакам да работам со деца и можеби еден ден ќе ги тренирам децата во Европа“ коментираше Песоа.

Маиса Песоа беше дел од Вардар во сезоната 2016/17, таа е светска шампионка од 2013 година со Бразил. Исто така има три златни медали од Пан Американските игри и е освојувачка на Лигата на шампиони од 2016 година.