Пасквал со супер засилување – Кашпарек потпиша за Динамо Букурешт!

Десниот бек на чешката репрезентација и на Мешков Брест, Станислав Кашпарек, заминува од Белорусија и ќе се пресели во Динамо Букурешт, со кој потпиша договор на две сезони.

По настапите за унгарските Балатонфуреди и ПИК Сегед, како и за белорускиот првак, ова ќе биде нов предизвик за Кашпарек кој потекнува од чешкиот Зубри.

„Кога ја добив понудата од Динамо, не се мислев. Одлуката беше јаснна. Тие ми презентираа амбициозен проект, со нови ракометари, предводен од легендарниот Чави Пасквал. Пред мене е нов предизвик и се радувам што ќе бидам дел од овој проект. Едвај чекам да заиграм во атмосферата што ја прават фановите на Динамо. Можеме до големи нешта заедно“, вели Кашпарек.

Тренерот Чави Пасквал на десната бековска позиција ги има Хавиер Хумет, Амин Банур и Едуардо Гурбиндо, а на крајот на сезоната би требало да замине само Баур со оглед на тоа што му завршува договорот.