Пасквал им ветил на Динамо: Ќе ја освоиме Лигата на Европа!

Романскиот шампион Динамо Букурешт во следната сезона ќе игра во Лига на Европа, откако ЕХФ не му додели вајлд-карта за настап во елитата.

Претседателот на Динамо Букурешт, Јонут Попа, во разговор за романскиот портал „ПроСпорт“ истакна дека амбициите на клубот од романската престолнина во второто по ранг европско натпреварување се освојување на титулата.

,,Хавиер Пасквал има актуелен договор. Секако, до него и до двајца или тројца играчи би можеле да дојдат атрактивни понуди. Ние никого не задржуваме на сила. Но, јас и Хавиер имавме состанок откако не бевме примени во Лигата на шампионите. Разговаравме за следните чекори на клубот. Пасквал рече: “Јонут, ова е спорт, одиме напред, ќе ја освоиме Лигата на Европа и остануваат сите главни играчи”, изјави Попа.

Пред трансфер во Динамо Букурешт се наоѓа голманот на српската репрезентација Владимир Цупара.

Во меѓувреме Динамо Букурешт ги потврди трансферите на десниот бек од Барселона, Александар Цениќ и пивотот од ПИК Сегед, Миклош Рошта.

Динамо ќе му плати оштета на Веспрем: Цупара ова лето во Букурешт, доаѓа и Ненадиќ?