Пасквал, Ентрериос, Палмарсон, Доленец…се простија од Барса (ФОТО)

Тимот на Барселона славеше над Кањас со 35-25 во последниот натпревар од оваа сезона во Асобал лигата.

Каталонците ја завршија сезоната со перфектен скор – 34 победи на 34 натпревари и не загубија ниеден бод.

Ракометарите ја добија титулата, а покрај раководството им се заблагодари и на оние што заминуваат.

Покрај тренерот Чави Пасквал и неговиот помошник Фернандо Барбието, заминува и спортскиот директор Давид Баруфет.

Капитенот Раул Ентрериос ја завршува кариерата, додека други клубови ќе имаат Јуре Доленец, Алекс Пасквал, Арон Палмарсон, Седрик Сорендо и Кевин Мелер.