Парондо собира вардарци – и Мораеш оди во Мелсунген!

Бразилскиот репрезентативец Рожерио Мораеш Фереира, кој во моментов игра за португалската Бенфика, најверојатно од лето ќе го облече дресот на бундеслигашот Мелсунген.

Оваа информација на социјалните мрежи ја објави германскиот новинар Фабијан Рош, а покрај Мораеш, во тимот предводен од екс вардаровиот стратег Роберто Парондо, ќе дојдат и двајца Шпанци – Баленсиага и Касадо, но вториот во 2023 оди во Веспрем.

Во составот на Мелсунген во моментов игра и рускиот пивот Глеб Калараш, а нема да биде изненадување ако покрај Мораеш во бундеслигашот се пресели уште еден поранешен играч на Вардар.

За Бразилецот ова ќе биде враќање во Бундес лигата, каде ги носеше дресовите на Кил и Алтенхолц, пред да настапува за Вардар и Веспрем, со кој играше и во Лигата на шампионите.