Парондо се изјасни, познати се сите патници за Олимписките игри (ФОТО)

На десет дена пред почетокот на Олимписките игри во Токио, селекторот на Египет, Роберто Парондо се изјасни за имињата на ракометарите на кои ќе смета на турнирот.

Ракометниот турнир на Олимпијадите секогаш предизвикува многу внимание, па така ќе биде и сега и сите учесници ќе се потрудат да го покажат најдоброто на теренот.

Парондо има квалитетен тим, а тука се најдобрите така што ќе биде доста интересно бидејќи се очекува Египет да им парира и на селекциите од Европа.

На списокот се најдоа вкупно 16 играчи, па ова значи дека ќе биде доста возбудливо. Инаку, Египет е во група со Данска, Шведска, Португалија, Јапонија и Бахреин и тука може да се надева на висок пласман пред почетокот на средбите од елиминациите.