Палмарсон и Хансен во потера по рекордерот Кире Лазаров (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров е најдобриот стрелец во историјата на сите завршни турнири во Лигата на шампионите.

Легендарниот десен бек има постигнато 65 погодоци на 12 меча за трите екипи (Сиудад Реал односно Атлетико Мадрид, Барселона и Нант).

Најблиску до него на листата од активните ракометари што и сега ќе бидат дел на Ф4 се Арон Палмарсон и Микел Хансен.

Исланѓанецот на 16 средби даде 52 гола, додека данскиот репрезентативец на 10 одиграни натпревари постигна 48 погодоци.

И двајцата ќе одиграат по два меча на овој турнир во Келн.