Падна предлог за нови измени на првилата: Да се скрати пасивниот напад на четири додавања!

Главниот судија на Ракометната федерација на Германија, Волфганг Јамеле има интересен предлогво однос на пасивната игра. При дискусија за некои измени на правилата тој даде предлог дека треба да се забрза играта и место досегашните шест да има само четири додавања после кренатата рака на судијата.

„Мислам дека треба правилно правилото да се прилагоди на пасивната игра. Со намалувањето на бројот на додавања на четири откако судиите ќе ја кренат раката ќе се добие на забрзување на игрта. Оваа иновација веќе се дискутира и на интернационално ниво. Подготвени сме да го воведеме ова правило во Бундес лигата, но ќе почекаме прво одлука од страна на ИХФ, па потоа ќе стапиме со спроведување на дело“, вели Јамеле.

Со ова се продолжува работењето на усовршувањето на правилата на играта и се очекува наскоро да има некои новитети бидејќи е веќе вообичаено секоја година да се вметнува по нешто ново.