Павел Атман ќе биде главен во ЦСКА Москва

Поранешниот ракометар на Вардар и Металург, Павел Атман на почетокот на годинава се врати во татковината.

Тој го облече дресот на големиот руски проект ЦСКА Москва, но не одигра голем број натпревари со оглед на прекинот поради коронавирусот.

Покрај Атман дојдоа уште многу руски репрезентативци во ЦСКА Москва, но средниот бек ја доби довербата на соиграчите и ќе биде капитен во новата сезона.

Според пласманот во првенството, ЦСКА доби место во ЕХФ Купот, но аплицираше за вајлд-карта во Лигата на Европа и веројатно ќе ја добие.