ОЧЕКУВАНО И ЗАСЛУЖЕНО: Николов и Начевски ќе го судат финалето на Олимписките игри

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски го добија својот „златен медал“ на Олимписките игри во Токио откако денеска беа делегирани да го судат утрешното финале во машка конкуренција меѓу Франција и Данска.

Николов и Начевски се делегирани за овој натпревар, со што го добија признанието кое се очекуваше уште од почетокот кога постојано беа делегирани на средбите кои беа дерби на денот.

Ова е и голем момент за нив во нивната кариера бидејќи ретки се судиите кои добиваат можност во нивната кариера да дојдат до момент да судат финале така што утре ќе бидат на терен заедно со најдобрите на овој турнир Франција и Данска.

Финалето во Токио е круна за нив во кариера, но ќе имаат уште многу натпревари во нивната кариера така што ова е едно големо скалило напред.

Натпреварот почнува во 14 часот, а претходно на средбата за 3. место ќе играат Шпанија и Египет. На овој дуел за 3. место меѓу официјалните лица ќе биде делегатот Драган Начевски, а судии ќе бидат Германците, Шулце и Тонис.