Охрид со две победи во Црна Гора

Охридските ракометари продолжија со одлични резултати на подготовките во Црна Гора. Во вториот контролен натпревар, „гладијаторите“ ја забележаа втората победа, совладувајќи го тимот на Партизан Тиват со тесен резултат 24-23.

Охриѓани во поголемиот дел од натпреварот имаа предност од четири-пет голови обезбедена на почетокот од натпреварот. Во финишот од мечот, Охрид се опшути, а домаќините со серија голови го ублажија поразот.

Охрид во првиот контролен натпревар во Црна Гора славеше против Будва, додека во нашата земја, охриѓани подобри беа од Вардар Неготино.