Охрид почнува со тренинзи на 22 јули, стартува и продажбата на сезонски влезници (ФОТО)

Амбициозниот Охрид го очекува стартот на подготовките за новата сезона со нов тренер и многу нови ракометари во ростерот.

Тренерот Стевче Алушовски ќе прозива на 22 јули во Охрид, а на првата прозивка се очекува да се појават сите нови играчи.

Тука се голманите Даниел Ѓорѓески и Берин Бркиќ, потоа крила Никола Стоилевски и Гоце Ојлески, како и бековите Теимураз Орјоникидзе, Рудолф Сафранко и Милорад Кукоски.

Охриѓани истиот ден ќе стартуваат и со продажба на сезонски влезници што ќе чинат 2.000 денари заедно со дрес од клубот и ќе важат за лигашките и за куп натпреварите претстојната сезона.

Охрид го очекува и организација на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“ со осум екипи од 23 до 26 август.