Охрид е лидер во Суперлигата, немаше проблеми против Пелистер

Екипата на Охрид запиша нови бодови во 12. коло од Суперлигата и со оваа победа се искачи на првата позиција на табелата барем до натпреварот на Металург кој е одложен. Охрид пред своите гледачи славеше победа над Пелистер со 28:20.

Охриѓани не дозволија да бидат изненадени од Пелистер, започнаа сигурно и поведоа 5:1 и рутински го контрилираа мечот. Во еден момент од првиот дел Пелистер успеа да намали на минус еден, а по 30. минути игра беше два предност за домашните, 13:11.

Во вториот дел Охрид целосно го скрши отпорот на Пелистер. Клучно за високата победа на Охрид беше серијата од 7:1 која ја направија кон средината на вториот дел. До крајот со рутинска игра стигнаа до нови планирани бодови во борбата за врвот на табелата.

Најефикасен во победничкиот состав беше Бобан Блажески со осум гола, а по четири постигнаа Кривокапиќ и Тот. Во тимот на Пелистер најпрецизен беше Стефан Талевски со шест погодоци.

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР 28:20 (13:11)

Сала: Билјанини Извори во Охрид. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делгеат: Цане Куртовиќ од Скопје.

ОХРИД: Брауновиќ, Андоноски 3, Кривокапиќ 4, Блажески 8, Гошевски 1, Костов, Тсителишвили, Иваноски, Соколов, Тасески 3, Манасков 3, Ивановски, Ристески, Анастасовски 1, Тот 6, Даниловски.

Седмерци: 1/1. Искличувања: 6 мин.

ПЕЛИСТЕР: Трајковски 1, Блажевски 1, Петровски 4, Димитровски 3, Митревски 1, Мандиќ, Ивановски, Димитровски, Апостоловски, Петковски, Ристевски, Димитров 2, Талевски 6, Илиев, Буторац 1, Вардовски.

Седмерци: 0/1. Исклучувања: 8 мин.