Охрид го разби Вардар Јуниор – на пауза со бод помалку од лидерот Металург

Ракометарите на Охрид славеа убедливо со 33-18 над тимот на Вардар Јуниор во натпреварот од последното есенско коло од Суперлигата.

Избраниците на Раде Стојановиќ со 12 победи, една нерешена средба и само еден пораз го финишираа овој дел од сезоната и математички го потврдија пласманот во плеј-офот на четири кола до крајотна регуларниот дел.

Победникот на мечот со Вардар Јуниор беше решен уште по првото полувреме, кога домаќините направија десет голови предност, 18-8. Второто полувреме беше чиста формалност, па шанса за настап добија сите ракометарите од клупите на двата тима.

Охрид сега има 37 бодови, само еден помалку од лидерот Металург со 38, додека Вардар Јуниор и оваа година ќе мора да се задоволи со борба во плеј-аутот.