ОФИЦИЈАЛНО: Марија Николиќ четврта сезона ќе игра за ПАОК од Солун

Македонската репрезентативка Марија Николиќ, четврта сезона по ред ќе го носи дресот на грчкиот шампион ПАОК Солун.

Николиќ досега освои три дупли круни во нашиот јужен сосед, па немаше причина да ја менува средината.

ПАОК има амбициозни планови за следната сезона на европска сцена, па би требало да дојдат уште три странски засилувања.

Тимот на Николиќ би требало да стартува од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.