Откритието на СП блиску до преселба во Бундес лигата

Еден од најважните ракометари на Данската селекција на Светското првенство во Египет беше десниот бек Матијас Гидсел.

21-годишниот ракометар одигра одлични партии во данскиот дрес и беше еден од најзаслужните за титулата на Светското првенство во Египет.

Голем број на моќни клубови го посакуваат младиот ракометар во своите редови. Данецот има договор со ГОГ до 2022 година, но клубовите би платиле и обештетување само да го донесат во своите редови.

Данецот најави дека сега размислува само за неговиот актуелен клуб ГОГ, но во иднина посакува да заигра во Бундеслигата. Од поранешниот европски првак Фленсбург веќе почнале да се распрашуваат за Гидсел.

Со оглед на краткиот договор со ветеранот Петерсон, повредата на Семпер и склониот на повреди, Магнус Род, Гидсел би бил идеално решение за составот на Фленсбург.