Отворен турнирот „Миле Нешкоски“, Универзалната сала во иднина ќе го носи неговото име! (ФОТО)

Денеска во Прилеп стартуваше седмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во чест на истакнатиот македонски ракометар.

Управата на клубот Прилеп и организаторот, заедно со градоначалникот на Прилеп, семејствоото на Миле Нешкоски, положија цвеќе на споменикот на истакнатиот ракометар, кој се наоѓа пред Универзалната сала.

Таму одамна не се игра ракомет, а прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, најави дека таа во иднина може да го носи името на Миле Нешкоски.

Покрај домаќинот Прилеп, на турнирот ќе учествуваат Струга, Мулти Есенс, Скопје, како и ПАОК од Солун и Дубочица Лесковац.