Остана уште еден ден на Олимпијада, остана уште битката за медали кај дамите

Со натпреварот меѓу Шведска и Норвешка во 4 часот стартува последниот ден на Олимписките игри на кој двете селекции ќебидат во битка за 3. место откако претрпеа порази во полуфиналињата вчера.

Финалето е од 8 часот наутро, а во него се истите финалисти како и пред пет години во Рио. Дали и овде како и во машка конкуренција селекцијата на Франција ќе се реваншира останува да се види денеска кога ќе биде одигран овој натпревар.

Русија влезе во добар ритам, но и Франција ќе има што да покаже така што јасно е дека финалето ќе биде доста интересно.

Ова ќе им биде втор натпревар на Олимписките игри бидејќи играа во иста група. При таа пресметка Русија победи со 28:27.