Орешков е меч-винер: Со атракција ги крена сите на нозе! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар Неготино со победа стартуваа во плеј-аут фазата во Суперлигата, откако на свој терен славеа против составот на Голден Арт, со резултат. 25:23.

На голот на домашниот тим блескаше искусниот Петар Ангелов, кој забележа 14 интервенции, дел од нив беа во клучните моменти кога гостинот беше во позиција да се избори за барем бод.

Откако беше 23:23, Адамовиќ реализираше за 24:23, a на 30 секунди пред крајот Шилегов не успеа да погоди од пенал откако Ангелов беше целосно фокусиран и успеа да го сопре неговиот налет.

Младиот Орешков со атрактивен гол во последната секунда ја крена публиката на нозе и ги постави конечните 25:23.