Ончев потврди кој му дал шанса: Столе и Пепи ме “вратија од мртвите”

Со одличните игри во Словенија сезонава, се почесто се слуша за Тоше Ончев. Неколкупати избран за играч на колото, постојано меѓу најдобрите, а заедно со тимот на пат до првата клупска титула во Словенија.

Претходно Ончев настапуваше за екипи од Франција, Грција, беше дел и од Пелистер и Работнички. Можеби вистинскиот пресврт во кариерата на бекот се случува токму во таа пост-пандемиска сезона, кога по два месеци на Крф, се враќа во Македонија и влегува во проектот Работнички, кој го предводат неговиот долгогодишен тренер Столе Петрушевски и Пепи Манасков.

„По враќањето од Крф, Столе и Пепи ме повикаа да одам во Работнички и да бидам дел од тој нов проект. Да бидам искрен, тие ме вратија во мртвите. Лигата во Грција не е многу силна и формата ми беше падната, но работата под нивна палка ме врати на вистинските патеки. Одново се кренав играчки и паметам таа сезона ја завршив како најдобар стрелец во Лигата. Не ја одиграв цела сезона, пропуштив четири или пет кола, а сепак на крајот бев прв стрелец со 205 гола на 21 натпревари.  Со таквата игра го привлеков вниманието на неколку тренери. Давид Писонеро ме бараше да одам во Ваљадолид, а потоа дојде и понудата од Урош Зорман за во Тримо Требње. Кога се јави Зорман, немаше дилема, знаев дека треба да потпишам во Словенија, каде се обврзав на тригодишен договор, вели Ончев.

Прочитајте го целото интервју на Тоше Ончев.

ИНТЕРВЈУ ТОШЕ ОНЧЕВ: Треба некој да ми даде шанса за да покажам дали вредам за репрезентација!