Околу 200 тренери „онлајн“ по лиценца!

Иако првично не беше така планирано, тренерскиот семинар на кој тренерите што работат во Македонија добиваат лиценци, сепак ќе се одржи онлајн на Zoom платформата.

Поради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот во Македонија и проблемот како на едно место да се соберат околу 200 луѓе, Тренерската организација реши семинарот да се одржи онлајн на 28 и 29 август.

На семинарот в сабота предавања ќе имаат Марта Бон, некогашен тренер на Крим, а сега дел од ЕХФ, потоа Бранко Ангеловски и Камер Металари, додека в недела предавање ќе одржи кондицискиот тренер Петар Баснарков за физичката подготовка.

Тренерската лиценца што ја доделува Здружението на ракометни тренери е задолжителна за сите што ќе водат екипи во било која категорија од натпреварувањата под капата на РФМ.