Од Металург во Металург Автокоманда – капитенот Терзиќ има нов клуб!

Новиот женски клуб во Македонија, Металург Автокоманда, започна со формирањето на тимот за дебитанската сезона.

Второ засилување за новакот е голманката на репрезентацијата на Македонија, Амра Терзиќ, која редовите на новиот суперлигаш ќе ги засили од ,,стариот” Металург.

Младата голманка потекнува од школата на Металург, таму ги мина сите младински категории, стигна и до сениорскиот состав, во кој беше и капитен, и со своите одлични настапи во последните две сезони си заработи и место во сениорската репрезентација.

Металург Автокоманда ја ангажираше и ракометарката на Вардар, левото крило Сара Миновска, исто така македонска репрезентативка.

До почетокот на подготовките се очекува да биде потврден играчкиот кадар на новиот клуб во Женската лига.

 

Новакот со репрезентативно засилување – Сара Миновска потпиша за Металург Автокоманда!