Од Динамо најавуваа титула во ЛЕ, но им се падна тешка група

Романскиот шампион Динамо Букурешт во претстојната сезона ќе настапува во Лигата на Европа, откако не доби вајлд-карта за настап во европската елита.

Од Динамо Букурешт пред извесен период потенцираа дека имаат шанси да дојдат до титула во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Сепак, Динамо Букурешт на денешната ждрепка за ривали во групната фаза од Лигата на Европа ги доби бундеслигашот Фуксе Берлин, Шамбери од Франција и Извиѓач од БиХ.

,,Добивме многу тешка група. Кога си во вториот шешир, не можеш да избегнеш силени противници. Ќе имаме тешки дуели, особено со Фуксе Берлин. Но, Шамбери исто така е многу добар тим со искусни играчи и тренер. Напоменувам и дека играњето во БиХ е секогаш голем предизвик и незгодно. Групата е тешка, изјави тренерот на Динамо Букурешт, Чави Пасквал.

Во следната фаза продолжуваат само првопласираната и второпласираната екипа од секоја група, па така Пасквал и неговите избраници ќе имаат сериозна задача.

Пасквал им ветил на Динамо: Ќе ја освоиме Лигата на Европа!