Од Алпла Хард се претпазливи: Треба добро да се подготвиме за Бутел!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беа извлечени двојките за второто квалификациско коло од машката Лига на Европа, како и двојките за второто коло од машкиот Европски Куп.

Покрај Еурофарм Пелистер, кој има директно обезбедено место во групната фаза во Лига на Европа, во второто по ранг квалитетно европско натпреварување претставник на Македонија остана Бутел Скопје, откако вториот тим на Еурофарм Пелистер беше елиминиран во првото квалификациско коло од Алпла Хард.

Бутел во второто квалификациско коло за противник ја доби токму екипата на Алпла Хард. Од австрискиот вицепрвак се претпазливи за дуелот против Бутел истакнувајќи дека и двата натпревари ќе бидат возбудливи.

,,Следните денови мора добро да ги искористиме и интензивно да се фокусираме на подготовките за натпреварите во второто квалификациско коло против Бутел Скопје, а воедно и да дознаеме нешто повеќе за нашиот ривал. Мислам дека не очекува возбудлив дуел и со нетрпение го очекуваме новиот предизвик. Ќе работиме напорно и ќе дадеме сѐ од себе за максимално да ги искористиме нашите шанси за пласман во групната фаза во Лига на Европа”, изјави спортскиот директор на Алпла Хард, Томас Нуемер.

Избраниците на Кристијан Грчевски првиот дуел со Алпла Хард ќе го одиграат на 27 септември во Австрија, додека реванш натпреварот ќе се игра во Скопje на 4 октомври. Победникот од овој дуел ќе обезбеди место во групната фаза во Лига на Европа. Дополнително треба да се одредат саатниците за двата дуели.

Бутел може да ги одмазди битолчани – против Алпла Хард за место во групите на Лига на Европа!