Одлично издание на Ристовска во новата победа на ЦСКА Москва

Екипата на ЦСКА Москва во која настaпува репрезентативното десно крило на Македонија, Сара Ристовска имаше одлично издание во првенството на Русија.

На гостувањето кај тимот на Краснодар, ЦСКА Москва забележа сигурна победа од 29:24. Девојките на гостинската екипа ја најавија победата уште во првиот дел кога имаа предност од 17:10.

Сара Ристовска имаше одличен настап на овој натпревар, постигна шест гола и беше втор стрелец во својот тим зад Илина која погоди девет пати. Голем придонес во победата имаше и голманката Де Соуза со 11 интервенции.

Со оваа победа ЦСКА Москва се зацврстува на третата позиција на табелата со два бода помалку од второпласираниот тим на Лада Тољати. Следниот натпревар за Сара Ристовска е на домашен терен против Адиф на кој ЦСКА е голем фаворит.