Одлична партија на Кузмановски, другите Македонци си поделија по бод

Македонските интернционалци во Бундес лигата имаа нови настапи со своите екипи. Филип Кузмановски со Хановер беше поразен на домашен терен од екипата на Лемго со 27:31, а на полувреме беше 15:18.

Кузмановски имаше добар настап и постигна пет погодоци на натпреварот со што беше втор стрелец во својот тим зад Јохан Хансен кој постигна девет гола. Но и покрј тоа Хановер не успеа да избегене пораз. Ова беше трет пораз во низа за Хановер кој ги остава во долниот дел на табелата со 14 бода на 14. позиција.

Во македонската пресметка во 23. коло од Бундес лигата Штутгарт на Жарко Пешевски и Вецлар на Филип Миркуловски одиграа нерешено 26:26. Иако после првиот дел гостите имаа предност од 10:12 сепак на крајот екипите ги поделија бодовите.

Жарко Пешевски беше стрелец на два гола за Штутгарт, додека Филип Миркуловски постигна еден погодок. Вецлар со овој освоен бод и понатаму останува на високото 5. место на табелата, додека Штутгарт е на 15. место со 12 освоени бода.