Одигра одлично на Мундијалот, па си доби нов тригодишен договор

Десниот бек на ГОГ Гудме и данската репрезентација, Матијас Гидсел го продолжи договорот со клубот до 2024 година.

Тој го привлече вниманието на големите европски клубови со одличните настапи на Мундијалот и за ГОГ во Лигата на Европа, но реши да остане во Данска.

Иако Гидсел најавуваше дека би сакал да заигра за Фленсбург, сепак тоа нема да се случи во следните неколку сезони.

„ГОГ е вистинското место за мене каде што сакам да станам најдобар ракометар. Во денешната ситуација во ништо не можете да бидете сигурни, но навистина сум среќен со мојот нов договор што ми дава сигурност и континуитет во тимот. Но,сигурен сум дека ако во меѓувреме дојде понуда од мојот клуб од соништата, директорот ќе сака да разговараме за неа“, вели Гидсел.