Одбранетиот зицер на Радовановиќ против Ојлески е одбрана на колото во ЛЕ (ВИДЕО)

Избрани се најдобрите пет одбрани од натпреварите од осминафиналето во Лигата на Европа.

Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа беше елиминиран со пораз и во вториот натпревар од Нексе, а токму голманот на хрватскиот тим Михајло Радовановиќ ја има одбраната на колото. Радовановиќ првото место го освои со одбранетиот зицер на Гоце Ојлески.

Веднаш зад Радовановиќ на втората позиција е екс вардарецот Дејан Милосављев кој го чува голот на Фуксе Берлин.